Форматирајте масовна меморија
1 Одберете
Menu
>
Applications
>
Office
>
File mgr.
.
2 Одберете ја масовната меморија.
3 Одберете
Options
>
Format mass memory
. Не ја форматирајте масовната
меморија користејќи компјутерски софтвер бидејќи ова може да ги намали
перформансите.
Кога масовната меморија повторно се форматира, сите податоци во меморијата
трајно се избришани. Направете резервни копии на податоците што сакате да
ги задржите пред форматирање на масовната меморија. Можете да
користите Nokia Ovi Suite за да направите резервни копии на податоците на
компатибилен компјутер. Технологиите на digital rights management (DRM)
Други апликации 161
може да спречат некои резервни копии на податоци да бидат повратени.
Контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе информации за DRM
што се користи за Вашите содржини.
Форматирањето не гарантира дека сите доверливи податоци зачувани во
масовната меморија на уредот трајно се уништени. Стандардното
форматирање само ја означува форматираната област како достапен простор
и ја брише адресата за повторно пронаоѓање на датотеките. Обновувањето на
форматираните или дури и на податоците врз кои повторно е зачувувано може
сеуште да е можно со специјални алатки и софтвер за повраќање датотеки.