Nokia X6 00 - Вметнување на SIM картичката и батеријата

background image

Вметнување на SIM картичката и батеријата

Вметнување на SIM картичката

Важно: За да спречите оштетување на SIM картичката, секогаш

отстранете ја батеријата пред да ја вметнете или отстраните картичката.

Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како

микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има

мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од

стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на микро-

SIM картички и употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети

картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на

картичката.

1 Отстранете го задниот поклопец.

2 Ако батеријата е вметната, отстранете ја батеријата.

Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја

отстраните батеријата.

12 За почеток

background image

3 Отворете го поклопецот на слотот за SIM картичката.

4 Вметнете SIM картичка во слотот. Осигурете се дека контактните области

на картичката се свртени нагоре и засечениот агол е свртен кон уредот.

Притиснете ја картичката навнатре.

5 Затворете го поклопецот на слотот за SIM картичката. Осигурајте се дека

поклопецот е правилно затворен.

За почеток 13

background image

Доколку SIM картичката не е соодветно поставена, уредот може да се користи

само во offline профил.
Вметнете ја батеријата

1 Вметнете ја батеријата.

2 За да го замените капакот, насочете ги деловите за заклучување на врвот

кон нивните слотови. Првин, во средината притиснете го капакот надолу,

така што деловите за заклучување во средината дојдат на нивното место.

Кога деловите за заклучување во средината се на нивното место, на дното

од уредот притиснете го капакот надолу.

Видете "Отстранете ја SIM картичката" стр. 40.

14 За почеток