Гласовни повици
1 Во почетниот екран, одберете
Telephone
за да го отворите бирачот и
внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го и повикувачкиот код. За да
отстраните некој број, одберете
.
За меѓународни повици, одберете * два пати за + знакот (го заменува
меѓународниот код за пристап), а потоа внесете го кодот на државата,
регионалниот код (доколку е потребно испуштете ја првата нула), и
телефонскиот број.
2 За да го остварите повикот, притиснете го копчето за повикување.
3 За да го завршите повикот (или за да го откажете обидот за повик),
притиснете го копчето за завршување.
Притискање на копчето за крај го завршува повикот, дури и ако друга
апликација е активна.
За да остварите повик од листата на контакти, одберете
Menu
>
Contacts
.
Појдете до саканото име. Или, одберете го полето за пребарување, за да ги
внесете првите букви или знаци од името, и скролувате до името.
За го повикате контактот, притиснете го копчето за повикување. Ако имате
зачувано повеќе броеви за некој контакт, одберете го саканиот број од
листата, и притиснете го копчето за повикување.