Кодови за пристап
PIN или PIN2 код
(4-8 цифри)
Овие ја штитат Вашата SIM картичка од неовластена
употреба или се потребни за пристап до некои функции.
Можете да го поставете Вашиот уред да бара PIN код кога
истиот го вклучувате.
26 Пронајди помош
Ако кодот не Ви е доставен со Вашата SIM картичка или
ги заборавивте кодовите, контактирајте го Вашиот
обезбедувач на услуги.
Ако три пати по ред погрешно го внесете кодот, потребно
е да го одблокирате кодот со PUK или PUK2 кодот.
PUK или PUK2 код
(8 цифри)
Овие се потребни за да го одблокирате PIN или PIN2
кодот.
Ако кодовите не Ви се доставени со Вашата SIM картичка,
контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.
IMEI број
(15 цифри)
Ова се користи за идентификација на важечките уреди во
мрежата. Бројот, исто така, може да се користи за
одблокирање, на пример, украдени уреди.
За да го видите Вашиот IMEI број, бирајте *#06#.
Код за
заклучување
(безбедносен код)
(минимум 4 цифри
или знаци)
Ова ви помага да го заштитите Вашиот уред од
неовластено користење.
Можете да го поставете Вашиот уред да бара код за
заклучување кој што ќе го дефинирате.
Кодот чувајте го во тајност и на безбедно место, подалеку
од Вашиот уред.
Ако го заборавите кодот и Вашиот уред е заклучен, уредот
ќе побара услуга. Можно е да се применат дополнителни
наплаќања, и сите лични податоци во Вашиот уред можат
да бидат избришани.
За повеќе информации, контактирајте со некојa Nokia
Care точка или со дилерот на Вашиот уред.
Пронајди помош 27