Префрлување на видеа од Вашиот компјутер
Префрлете ги Вашите сопствени видео клипови на Видео центарот од
компатибилни уреди користејќи некој компатибилен USB кабел за податоци.
Видео центарот прикажува само видео клипови кои се во формат поддржан
од Вашиот уред.
1 За да го видите Вашиот уред на компјутер како уред со огромна меморија
каде што може да префрлувате било какви датотеки со податоци,
направете ја конекцијата со некој USB кабел за податоци.
2 Одберете
Mass storage
како режим за конекција.
3 Одберете ги видео клиповите што сакате да ги копирате од Вашиот
компјутер.
4 Префрлете ги видео клиповите во E:\My Videos во огромната меморија на
Вашиот уред.
Префрлените видео клипови се појавуваат во папката Мои видеа во Видео
центар. Видео датотеките во другите папки на Вашиот уред не се
прикажани.